Важна победа за Пандев и Џенова во борбата за опстанок, Политано го растажи Несторовски

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

 

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев и неговата Џенова освоија важни три бода по победата над Лече од 2:1 во рамките на 34. коло од Серија А.

Пандев беше во првиот тим на Џенова која со победата над директниот конкурент во битката за опстанок успеа да победи и му избега на Лече на четири бода.

Џенова одлично го започна натпреварот и веќе во седмата минута пред Санабриа поведе со 1:0. Во последната минута од првото полувреме Манкосу промаши пенал за Лече, но истиот фудбалер во 60. минута донесе израмнување. Сепак победата и трите бода и припаднаа на Џенова благодарение на автоголот на Габриел во 81.минута.

Во дуелот на македонските репрезентативци на крајот се радуваше Елиф Елмас откако неговиот Наполи со 2:1 го совлада Удинезе на Илија Несторовски. Несторовски беше стартер за Удинезе и го одигра целиот меч, а не му беше признат и погодок поради офсајд позиција, додека Елмас Елмас влезе во игра во 80.минута. Родриго де Пол донесе предност за Удинезе во 22.минута, а израмни Аркадиуш Милик девет минути подоцна. Победничкиот гол беше дело на Матео Политано во 95.минута од овој меч.

Резулати:
Парма – Сампдорија 2:3
Бреша – Спал 2:1
Фирентина – Торино 2:0
Џенова – Лече 2:1
Наполи – Удинезе 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот