„Вашингтон пост“: САД подготвуваат дипломатски бојкот на зимската Олимпијада во Пекинг

Логото на Олимписките игри / Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Администрацијата во Вашингтон има намера да објави дека претседателот Џо Бајден и сите останати владини чиновници на САД нема да присуствуваат на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг, јави синоќа „Вашингтон пост“.

Од извори на весникот се дознава дека бојкотот е планиран како протест против нарушувањето на човековите права од страна на кинеските власти.

Притоа, американските спортисти ќе имаат право да учествуваат во натпреварите.

Конечното решение се уште не е донесено, официјани препораки веќе биле испратени до Бајден, и најверојатно тој ќе ги потврди до крајот на ноември, се наведува во објавата.

Во одговор на објавата на Вашингтон пост, републикаскиот сенатор Мит Ромни изрази поддршка за дипломатски бојкот на игрите.

– Неприфатливо е тоа што Кина организира Олимпијада, а истовремено Комунистичката партија на Кина врши геноцид врз Ујгурите, напиша Ромни на Твитер.

Од Белата куќа се уште ја немаат потврдено веста дека се подготвува дипломатски бојкот на ЗОИ 2022 во Пекинг. Официјален претставник изјави дека тоа не било споменато во неодамнешниот разговор меѓу Бајден и претседателот на Кина Си Џинпинг.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот