Вардар против Металург во полуфиналето на Купот

фото. РК Вардар/Денис Дуковски

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа жрепката за полуфиналето во ракометниот Куп, и во полуфиналето се избегнаа најголемите фаворити, Вардар и Е. Пелистер. Вардар во полуфиналето го очекува пресметка против градскиот ривал Металург, додека Е. Пелистер во полуфиналето ќе игра против Бутел.
Во женска конкуренција Куманово ќе игра против Металург, додека Вардар го очекува пресметка со Чаир.

Вардар на патот до завршниот турнир стигна откако ги елиминираше Текстилец, Тиквеш и Радовиш, додека Металург беше подобар од Куманово, КЛ7 и Работнички. Е. Пелистер пак ги совлада Вардар Неготино, Младост Богданци и Пролет, а неговиот противник Бутел беше поуспешен од Кичево, Јуниор КВ и Охрид.

Полуфиналните натпревари се закажани за 14. мај (петок), додека финалето ќе се игра два дена подоцна на 16. мај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот