Вардар против Киелце во ракометната класика 

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар по пауза од речиси еден месец, вечерва (18.45 часот) ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите. Вардарци во СЦ Јане Сандански во рамките на седмото коло играат против добро познат противник, полскиот Киелце.

Натпреварите со полскиот тим станаа веќе навика во Лигата на шампиони и поради тоа миленикот на „комитите“, Тимур Дибиров смета дека овие дуели се ракометна класика.

Ова за Вардар ќе биде само четврти натпревар во ЛШ поради пандемијата на коронавирусот и токму малиот број на натпреварите е најголема енигма за вистинската форма на „црвено-црните“.

– Сезонава е навистина неизвесна, тешка за нас бидејќи немаме доволно тренинзи, натпревари, не знаеме каде сме во моментов. Ќе биде тешко за нас бидејќи не играме многу натпревари, не играме во СЕХА лигата, не играме во домашното првенство и искрено не можам да очекувам премногу. Одигравме само три натпревари во три месеци. Ние сакаме да победиме, играме да победуваме, но сигурно нема да биде лесно – смета бекот на Вардар, Кристијан Дисингер.

Вардар вечерва ќе настапи конечно комплетен, санирани се повредите на Талески и Јотиќ, а од карантин излегоа и играчите кои беа позитивни на коронавирус, што е дополнителен мотив за позитивен резултат.

– Не очекува тежок натпревар со лидерот во групата и според мене екипа која досега покажа најмногу во групата. Максимално незгоден противник за кој настапуваат и поранешни ракометари на Вардар, Карачиќ и Душебаев кои знаат што значи да се игра во Скопје. Очекувам неизвесен натпревар, а клучот на успехот треба да биде играта на нашата одбрана. Се подготвуваме, анализираме од каде доаѓа опасноста и мислам дека ќе бидеме максимално подготвени за овој предизвик. Се надевам дека ќе одиграме на нивото на двата наши претходни натпревари во Скопје против Флензбург и Порто, и оптимист сум. Иако не очекува тежок натпревар, се надевам на победа на мојот тим. Верувам дека можеме да победиме – вели тренерот Стевче Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот