Дибиров: Дуелите меѓу Вардар и Киелце се ракометна класика, одиме на победа

фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар утре (18.45 часот) ги продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите и тоа по пауза од речиси еден месец. Ривал на „црвено-црните“ е полскиот Киелце кој е лидер во групата.

Дуелите помеѓу македонскиот и полскиот тим станаа редовни на „менито“ во Лигата на шампионите, а вардарци иако со реновиран тим во однос на минатата сезона, се уште е актуелни европски шампиони и одат на победа против Киелце.

Еден од најискуните ракометари на Вардар, Тимур Дибиров смета дека дуелите со Киелце станаа вистинска ракометна класика и верува дека мотивите за победа се високи иако тимот нема одиграно натпревар речиси еден месец.

– Натпреварите меѓу Вардар и Киелце веќе се како ракометна класика, затоа што многу е тензично, секогаш интересно, со неизвесен резултат. Очекуваме ист таков меч и тука во Скопје. Сега не се плашиме поради тоа што немавме натпревари повеќе време, затоа што тој со Фленсбург покажа дека нема многу голема разлика и дека можеме добро да се носиме со тоа. Киелце е екипа за која е многу тешко да се подготвите. Имаат многу креативни играчи, како Карачиќ, Душебаев, многу добри пикери, како Каралек и Турна, нормално имаат и одличен тренер. Знаеме дека ќе биде тешко, но нашата шанса е дома да прикажеме борба, да играме 60 минути и ќе видиме што ќе даде тоа. Верувам во нашата екипа, бидејќи ние губиме или победуваме, секогаш излегуваме на еден натпревар со самодоверба и знаеме дека секога имаме шанси да победиме. Очекувам и овој пат да биде исто – вели Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот