Вардар 1961 подобар во пресметката против Е. Пелистер

Оливие Њокас (Вардар 1961), „црвено-црните“ продолжуваат победнички во македонската ракометна Суперлига/Фото: Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Вардар 1961 денеска во првата важна битка за шампионската титула беше поуспешен во дерби натпреварот од четвртото коло во македонската ракометна Супер Лига. Во С.Ц. „Јане Сандански“ – Скопје, „црвено-црните“ го совладаа Е. Пелистер со резултат 29:25.

Вардарци по подолг период имаа одлична поддршка од трибините каде што грмеше верната навивачка група „Комити“, што може да даде уште поголем мотив за играчите во остварувањето на целта.

Тоа го направија играчите на тренерот Веселин Вујовиќ кои ја забележаа и четвртата победа по ред од стартот на сезоната.

Во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол на двете страни. Гледавме брз ракомет на двете страни, а Вардар и Е. Пелистер постојано се менуваа во предност. Ниту една од екипите не успеа да се одлепи на два дола разлика до последните две минути, кога домаќините имаа фуриозен финиш на првото полувреме.

Вардар на стартот од вториот дел стигна и до највисоки пет голови разлика, но битолчани со серија од 0:3 намалија на 17:15, што беше знак за Вујовиќ да побара минута одмор. На голот застана Томовски кој одбрани два удари, додека со голот на Талески поведе Вардар со 20:16 во 40 минута. Ѓукиќ со гол му носи водство на Вардар од 25:20 на 10 минути пред крајот.

Следуваше пад во играта на Вардар, гостинот од Битола на четири минути пред крајот намали на само еден гол разлика (26:25). Помирен финиш со два гола во серија носи Талески за резултат 28:25 на 150 секунди до крајот на мечот. На крајот Вардар не дозволи изненадување и славеше триумф со резултат 29:25.

10 погодоци во победничката екипа беа дело на Дибиров, а на спротивната страна по пет имаа Мандалиниќ и Кушан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот