Вардар 1961 обезбеди пласман во групната фаза од Купот на Македонија

фото: Драган Митрески - Слободен печат

Денеска во рамките од Купот на Македонија екипата на Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Мулти Есенс (43:18).

Најефикасни во победничките редови во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје беа Талески со девет и Лазаревски со седум голови.

На спротивната страна пет пати во листата на стрелците се запиша Митев.

На тој начин играчите предводени од тренерот Владо Недановски се пласира во групната фаза од Купот.

Најдобрите 16 екипи ќе се најдат во четири групи преку кои ќе ги дознаеме учесниците на Ф4 турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот