Вардар 1961 не дозволи изненадување против Тинекс Пролет во Суперлигата

Момент од натпреварот РК Тинекс Пролет - РК Вардар 1961/Фото: Денис Дуковски / РК Вардар 1961

Екипата на Вардар 1961 денеска во рамките од македонската ракометна Суперлига ја оправда фаворитската улога против Тинекс Пролет славејќи со 28:24.

И покрај тоа што Тинекс Пролет во своите редови ги немаше Пецаковски и Василевски, како и повредениот пивот Николовски, на крајот и со лимитиран ростер дојде до пристоен пораз.

Одличен старт имаа играчите на тренерот Темелковски со водство од 3:1, а подоцна и од 4:2. Ситуацијата на теренот се промени по исклучувањето на Стојановски, по кое Вардар набрзина постигна три гола во серија и поведе со 5:4.

Тинекс Пролет не се предаваше, умешно парирате, играјќи во егал (8:8). Следуваше голем пад во играта на Тикенс Пролет откако во последните 10 минути од првото полувреме не успеа да постигне ниту еден гол при негатива од 10:11. Тоа го искористи Вардар кој имаше нова низа на погодоци и на пауза замина со предност од 17:10.

Проблемите со загубените топки во нападот на Тинекс Пролет зачестија, па Вардар со неколку лесни голови од контранапад поведе и со 23:15 „Црвено-црните“ ја одржуваа позитивата крајот на мечот, а ракометарите на Тинекс Пролет само намалија нешто од негативата во завршните минути.

Во победничките редови шест голови постигна Лазаревски, по пет Ѓукиќ и Петриќ, а за поразениот Арсеновски, Андоновски и Димовски имаа по пет погодоци.

Во групата „Б“ Вардар 1961 се врати на првото место со 27 бодови, додека Тинекс Пролет е четвртопласиран со 15. Се одигра еден меч и во групата „А“, Охрид со 33:25 триумфираше над Куманово. Охрид по седмата победа сезонава е на третото место со 21 бод, додека Куманово после деветтиот пораз е седмопласиран со еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот