ВАР го „поттурна“ Реал Мадрид на врвот во Ла Лига (ВИДЕО)

EPA-EFE/Juan Herrero

ВАР технологијата и судиите повторно во главната улога на фудбалските терени.

Реал Мадрид како гостин го совлада Реал Сосиедад со 1:2 во натпревар кој го одбележија спорните одлуки на судијата во корист на „кралскиот“ клуб.
Во главната улога беше ВАР технологијата која „досуди“ во корист на Реал Мадрид во сите три спорни моменти.

Прво ВАР одлучи дека е пенал за Реал Мадрид, а сигурен реализатор беше капитенот Серхио Рамос на стартот од второто полувреме.

Потоа судијата му поништи гол на Аднан Јанузај поради офсајд, имено Мерино наводно го попречил голманот на „кралевите“ Тибо Куртоа при шутот на Белгиецот. Оваа одлука го разбесни домашните фудбалери кои жестоко протестираа но судијата не сакаше да се консултира со ВАР.

Само една минута подоцна, Карим Бензема постигна гол, а судијата Фернандез го призна иако фудбалерите на Реал Сосиедад да биде поништен поради игра со рака. До крајот на средбата, домашниот тим успеа само преку Мерино да го намали водството на Реал Мадрид.

Со оваа победа Реал Мадрид се искачи на врвот на табелата во Ла Лига со 65 бода, исто колку што има и Барселона, но „кралевите“ имаат подобар меѓусебен скор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот