„Вагнер го запре походот кон Москва“ , Пригожин наредил сите платеници да се вратат назад за да нема крвопролевање

Вагнер група принтскрин јутјуб

Основачот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, објави аудио порака, во која потврдува дека неговите борци се враќаат во своите бази за да „избегнат крвопролевање“.

„За тоа време не пролеавме ниедна капка крв на нашите борци. Во овој час дојде моментот кога може да се пролие крвта. Поради тоа, сфаќајќи ја целата одговорност дека ќе биде пролеана руската крв од едната страна, ние ги свртуваме нашите конвои и заминуваме во обратна насока, согласно плановите“, вели Пригожин во гласовната порака чијашто автентичност не е потврдена досега.

И од кабинетот на белорускиот претседател Лукашенко соопштија дека Евгениј Пригожин, се согласил да ја деескалира ситуацијата во Русија.

Во соопштението, објавено на официјалниот канал на белоруското претседателство на Телеграм, се вели дека шефот на платеничката група Вагнер се согласил да го запре натамошното движење на неговите борци низ Русија.

На маса е и договор за гарантирање на безбедноста на војниците на Вагнер, пренесува Скај Њуз.

Александар Лукашенко е близок соработник на Владимир Путин и разговарал со Прогожин во договор со рускиот претседател, се вели во соопштението.

Пред безмалку два часа ситуацијата во Русија беше хаотична. Се евакуираа јавни згради во Москва додека платениците на Вагнер напредуваа кон главниот град на Русија.

Беше објавено и видео на кое платеници на Вагнер уриваа барикади на улиците што водат кон Москва, а руската армија подготвуваа гнезда со митралези на јужниот влез на градот.

Но исто на социјалните мрежи се гледа од објавените видеа како руски багери ги раскопуваа автопатиштата со цел платениците на Вагнер да не стигнат до Москва.

МНР: Граѓаните да не патуваат во Русија, а оние кои имаат можност да ја напуштат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот