Узунов: На газдите не може да им се каже колкава плата да земаат, но може да им се стави поголем данок

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов кој беше еден од главните протагонисти на идејата за враќање на средната класа преку оданочување на побогатите, во изјава за Слободен печат вели дека нашето општество се покажало како неспремно да го спроведе прогесивното одночување, односно дека лобирањето на богатите се покажало како помоќно.

Според него, токму прогресивното оданочување е единствениот начин како да се земе дел од големите профити на газдите, но и да се влијае на поголеми плати на работниците во услови кога, како што објави директорката на УЈП Сања Лукаревска, газди си делелат плати од 50.000 евра, а на вработените им даваат „минималец“

– На работодавците не може со закон да им се каже колкава плата тие да земаат, ниту во случаи кога тие земаат огромни пати, а работнците минимални плати. Тоа би значело рушење на идејата на приватна сопственост. Тоа е како некој дома да дојде да ви каже имајте една тераса, а не две. Тоа се коси и со начелото на пазарна економија. Кога би имало некој таков закон, ние всушност би се доближиле до социјализмот. Но, затоа постои нешто друго, а тоа е поголем данок за богатите. Тие и понатаму ќе го задржат најголемиот дел за себе, но сепак, ќе имаме поправедна распределба на доходот, Од профитот ќе се земат повеќе пари за општеството, а тоа е и еден од механизмите, работодавците да се мотивираат да дадат поголеми плати – вели Узунов.

Прогресивниот данок се воведе во јануари  2019 година, а веќе во ноември истата година се објави дека тој се става во мирување во рок од 3 години. Данокот го воведе тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски, а на „чекање“ го стави тогашната министерка Нина Ангеловска.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот