Узунов: Економските политички ставови на Славевски се очаен популизам

„Добро е граѓаните јасно да гледаат што е политика на рамни даноци а што е политика на прогресивни даноци и што тоа носи за општеството. Апсолутен и очаен популизам е ставот на Трајко Славевски и како што ние тоа го викаме „трка до дното“, односно натпревар кој повеќе ќе намали даноци“, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ универзитетскиот професор, Ванчо Узунов.

Сепак, како што вели Узунов, Славевски не одговара на неколкуте прашања што следат со тоа. „Тоа е само една понуда што треба да биде привлечна за граѓаните, а бидејќи граѓаните данокот го изедначуваат со казна, идејата му е – еве јас ви ги намалувам казните, гласајте за мене. Но тоа е многу погрешна политика. Јас се надевам дека СДСМ нема да ја прифати. Зошто е погрешна? Прво го намалува приходот на државата. Ако тоа го намалуваш, а од друга страна збориш дека ќе ги зголемиш издатоците со што ќе ја покриеш таа дупка – со буџетски дефицит и задолжување надвор, трето нема. Но тоа Славевски не го кажува и застанува до тука, вели тој.

Втората работа, според Узунов, што е уште полоша е фактот дека со таквата идејна политика, Славевски ја влошува ситуацијата со социјалната рамноправност на граѓаните во оваа држава. Узунов вели факт е дека во последните години, особено по рамниот данок, приходите на најбогатата класа растат побрзо, со повисока стапка, за разлика од приходите на ниската и средната класа.

„Со еднократното зголемување на минималната плата се очекува и сите други полека да растат, па макар тоа било и помогната во одреден краток период. Од аспект на платите добро е што Македонија го решава проблемот на невработеноста и сега има недостаток од работна сила, особено во некои сегменти. И платите тука природно ќе растат. И веќе за некои струки растат“, изјави Узунов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот