УЖИВАЈТЕ ВО ВИКЕНДОТ: Сончево време со температури до 36 степени!

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде меѓу 10 и 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне 33 степени.

Според УХМР, под влијание на топла воздушна маса следува период на значително потопло време. Во следните денови во попладневните часови локално ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, а понекаде и појава на град. Понестабилно ќе биде од понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот