5 C
Скопје

Ужасите на сестрата Барта во филмот „Дара од Јасеновац“: Децата ги тепале со прачки, а после на отворените рани им истурале оцет или солена вода

Српскиот филм „Дара од Јасеновац“ ги потресе луѓето од регионот кои по прикажувањето на филмот не престануваат да ги коментираат потресните сцени, а публиката е потресена од злоделата на жената со небеско сини очи.

„Дара од Јасеновац“, кој исто како и нашиот филм „Врба“ испадна од трката за Оскар е историска драма на режисерот Гага Антонијевиќ и го прикажува секојдневниот живот во концентрациониот логор од аголот на 10-годишното девојче Дара Илиќ, која била уапсена со постариот брат, мајка ѝ и двегодишниот брат на Козара. Нејзиниот татко веќе бил затворен во Јасеновац и работел како гробар, знаејќи дека еден ден и самиот себеси ќе си ископа гроб.

Непосредно пред доаѓањето во женскиот и детскиот дел од логорот Стара Градишка, мајката на Дара и нејзиниот постар брат биле убиени. После тоа приказната се фокусира на одлучноста на Дара да го одржи ветувањето што ѝ го дала на мајка си: дека никогаш нема да се одвои од малото братче, дури и кога тој ќе станува сѐ послаб и кога жените што се грижеле за него во логорот ќе бидат убиени или однесени во Германија на принудна работа.

Прочитајте и...  „Twitter“ наскоро со нова опција: Ќе се наплаќаат ексклузивни содржини
Profimedia

Логорот, основан на почетокот на јули 1942 година бил под управа на калуѓерките од конгрегацијата „Св. Винко Паулски“. Во него се сместувале бебиња од шест месеци па сѐ до деца до 14 години. Условите во кои престојувале децата биле катастрофални, а многу калуѓерки чувари на логорот се истакнувале во злоставувањето и драстично ги казнувале децата за секој престап. А пред ужасната тортура децата во логорот стигнувале болни, изнемоштени и скоро голи. Децата боледувале од најмалку една тешка болест, а многу имале истовремено и повеќе болести, дизентерија, тифус, скорбут, воспаление на белите дробови и дифтерија. Поради болестите, изгладнетоста и начинот на „воспитување“, дневно умирале по неколку момчиња и девојчиња. Починатите дечиња ги закопувале по десетина заедно во местото Јастребарско, пишува српски Новости.

Прочитајте и...  Како секој хороскопски знак се справува со депресијата?

Како убивала Барта

Методот на убивање на децата од 3 до 10 години изгледал вака. Прашувале: „Деца, кој сака да ги види мама и тато?“ или „Деца, кој сака чоколадо?“ Децата би се јавувале: „Јас, јас, јас“. Тогаш ги носеле до јамата и со удар со чекан по главата ги фрлале во неа“ – раскажал своевремено за „Политика“ Гојко Рончевиќ, кој како седумгодишник три месеци бил во Јастребарско. Пред него сестрата Барта убила две деца.

Јасеновац, 1942 /Profimedia

Како што сведочи Зорка Делиќ, една од преживеаните, а пренесува Новости.рс, сестра Барта на сите им зборувала дека се бандитски деца и дека треба да бидат убиени. Сестрите ги тепале со прачки, а после на отворените рани им истурале оцет или солена вода.

Прочитајте и...  Бредли Купер и Ирина Шајк по скоро две години видени повторно заедно

Барта Пулхерија, 60-годишна калуѓерка, посебно била озлогласена по своите постапки кон децата, а била управителка на логорот.

Barta Pulherija, šezdesetogodišnja časna sestra, ozloglašena po svojim postupcima prema djeci, bila je upravnica logora….

Posted by Ustaše su najveća sramota Hrvata on Saturday, 7 April 2018

Според информациите достапни на интернет, се наведува дека сестрата Барта по војната емигрирала во Австрија.

На Википедија се наведува дека во логорот биле заробени 3.336 деца, а до крајот на октомври 1942 година, умреле најмалку 449 деца.

Јасеновац/Profimedia

ГАЛЕРИЈА: Погледнете како изгледале постерите против Евреите во нацистичка Хрватска

ФОТО+ВИДЕО | 75 години од пробојот на логорашите во „фабриката на смртта“ Јасеновац

Поврзани вести

Миа Фароу призна дека Вуди Ален ѝ бил најголемата грешка во животот

Слободен печат

Вака живее денес Сузан Бојл: На сметката има милиони, го смени изгледот и не сака да се мажи

Слободен печат

Чајот од оригано идеален за ублажување на кашлица и искашлување на слузта

Слободен печат

Дневен хороскоп за 27 февруари: Денеска никој нема да остане рамнодушен на вашиот шарм

Теодора Циклевска

Виц на денот: Ѕвезда

Слободен печат

На денешен ден – 27 февруари

Слободен печат

Остави Коментар