УТРИНСКИ БРИФИНГ | Јанев: Ние немаме чувство за заедница, па оттука ни чувство за одговорност и морал

Горан Јанев / Утрински брифинг

Во денешната прва епизода од третата сезона на Утрински брифинг, на тема одговорност и оставки говореше д-р Горан Јанев, професор во Институтот за социолошко политички истражувања и социјален антрополог. Темата беше оставката како чин, а по повод последната трагедија со пожарот во модуларната болница во Тетово.

-Ние немаме дефиниција што е општество, дали тоа е заедница или означува јавност? Ние немаме живототворна идеологија како држава. Се заглавивме во спорови со соседите, а не создадовме идеологија што ја врзува заедницата. Затоа се случи тотален распад на системот на вредности, вели Јанев.

-Не гледам лидер во последниве 30 години што би понудил нешто заедничко што ќе ја врзува заедницата. Бидејќи немаме чувство за заедница, отсуствува и чувство на одговорност и морал. Оставките при чин на трагедија би биле следствени, бидејќи се и морални, според она кое е владејачкиот морал во општеството. Јас мислам дека немаме владејачки морал во општеството, ние немаме чувство за заедништво, немаме чувство на одговорност. Сѐ се гледа низ партиска призма, вели Јанев за Утрински брифинг.

-Ние сме со децении заглавени со меѓусоседски спорови, идентитетски прашања, без да размислиме кон што се движиме и каде се движеме, што напуштивме и кон што одиме. Мислам дека ни недостасува онаа основна идеолошка матрица која ја врзува заедницата, така што ни се случи тотално распаѓање на системот на вредности, изјави за Утрински брифинг политикологот, професор Горан Јанев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот