Уште шестмина обвинети за настаните пред Собранието добија условни казни

протести скопје француски предлог вмро дпмне левица
Протест против францускиот предлог / Скопје, јули 2022 / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Условни казни за уште шестмина обвинети за инцидентите пред Собранието за време на протестите против францускиот предлог изрече Судот, откако тие признаа вина на денешното судење во Основниот кривичен суд во Скопје за настаните пред Собранието на 5 јули годинава.

Во Основниот кривичен суд Скопје, како што информираат од Судот, денеска се одржа главната расправа за предмет против шест лица обвинети за кривичното дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл. 385 ст.2 в.в ст.1 в.в. чл. 22 кои на 05.07.2022 година се случија пред Собранието на РСМ.

– Сите шестмина обвинети своеволно ја признаа вината за кривичното дело кои им се става на товар, а по ценење на сите олеснителни и отежителни околност, судот донесе првостепена пресуда со која четврица од обвинетите им определи алтернативни мерки – Условна осуда во траење од две години затвор која казна нема да се реализира доколку во следните четири години не сторат ново кривично дело, а двајца од обвинетите, кои непосредно пред настанот наполниле 18 години, им определи алтернативна мерка – условна осуда од една година затвор, која нема да се реализира доколку во следните три години не сторат ново кривично дело, а воедно им определи и мерка засилен надзор, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Против овие пресуди, во делот на казната, осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот