Уште не почнала борбата, шампионот падна од рингот и се повреди! (ВИДЕО)

фото: твитер

Еден неверојатен момент ни доаѓа од Јужноафриканската Република. Тамошниот шампион во бокс во тешка категорија, Руан Визер се повреди без да прими удар.

Визер во текот на своето загревање пред почетокот на борбата падна од рингот откако пукна јажето. Поради несреќниот случај, тој се здоби со повреди на коленото и левата рака, и после лекарските прегледи беше одлучено мечот да се одложи.

Еден голем пропуст на организаторите кои имаат обврска да го одржат рингот во најдобар ред.

– Системот многу греши во боксот. Време е некој да плати за грешката, боксерот мора знае дека е сигурен кога ќе влезе во рингот – рече јужноафриканскиот шампион.

Неговиот противник Тијан Фик ќе мора да почека да уште помалку за нов напад на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот