Уште едно апсење на северот на Косово, сомнеж за шверц на лекови

фото: Косовска полиција

Косовската полиција вечерва уапси уште едно лице на северот на Косово, под сомнение за шверц на лекови  од централна Србија. Во село Бистрица е уапсен косовскиот Ѓ.П. Косовската полиција го сомничи дека со својот автомобил илегално влегол на територијата на Косово од централна Србија, објави Kossev.

Како што се гледа на фотографиите кои ги објави полицијата, мажот управувал продолжено теренско возило, наменето за транспорт. Возилото е со бела боја и има црвен крст на стаклата и задната врата.

Во возилото се пронајдени лекови за кои постои сомневање дека се шверцувани, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Тој се товари за неовластено преминување и криумчарење стока.

Од полицијата не соопштуваат други детали, освен дека сите понатамошни дејствија ќе бидат преземени во соработка и координација со правосудните органи.

Предходно денеска основниот суд во Приштина им изрече мерка притвор во траење од по 30 дена на тројцата Срби уапсени за воени злосторства врз цивилното население во војната во Косово во 1998-99 година, потврди тимот на одбраната на осомничените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот