Уште една победа на Звезда во драматичен натпревар во Евролигата

Црвена Звезда како да се претплати на трилер завршница во новата сезона од Евролигата.

Вечерва шампионот во АБА лигата против Макаби ја забележа третата победа во низа со 69:68. Црвена Звезда покажа дека има квалитет, а тренерот Душко Ивановиќ им ја даде потребната самодоверба на кошаркарите дека можат да победат и кога е тешко. Така беше против Асвел и Алба и сега против Макаби.

Добро тргна Звезда, одличната атмосфера ги мотивираше црвено-белите, па по првите 10 минути имаа предност од девет поени. Сепак, втората четвртина му припадна на Макби и Звезда постигна само девет поени.

Добрата игра Звезда ја врати во третата четвртина и дојде до три поени негатива. Во последната четвртина избраниците на Ивановиќ одиграа колку што е потребно за да дојдат до победата, меѓутоа треба да се каже дека и среќата беше на нивна страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот