Уште два лека за Ковид добија зелено светло од ЕМА

Лекови за ковидЕвропската агенција за лекови (ЕМА) одобри уште два лека за лекување на Ковид-19/ EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри уште два лека за лекување на Ковид-19.

Ксевуди (Xevudy) и Кинерет (Kineret) се препорачуваат за употреба, соопшти ЕМА. Комисијата на ЕУ допрва треба да даде конечно одобрение, но тоа се смета за формалност.

Ксевуди од производителите Глаксо Смит Клајн (GlaxoSmithKline) и Вир Биотехнолоџи (Vir Biotechnology) може да спречи влошување на симптомите кај пациенти на возраст од 12 години и постари. Лабораториските студии покажаа дека Ксевуди е ефикасен и против варијантата Омикрон. Експертите од ЕМА веќе дадоа позитивно мислење за лекот и тој е веќе пропишан за употреба во некои земји-членки на ЕУ.

Кинерет на шведскиот производител Орфан Биовитрум АБ (Orphan Biovitrum AB) е веќе одобрен во ЕУ како третман за други воспалителни состојби. Според ЕМА, лекот може да го намали воспалението и да спречи сериозно оштетување на дишните патишта кај пациенти со Ковид-19.

Еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес ги поздрави препораките на ЕМА.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот