Уште 26 лица сместени во хотелот „Молика”, капацитетот исполнет

Во хотелот „Молика” на Пелистер синоќа пристигнала уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин.

Од АД ЕСМ, кој стопанисува во овој хотел, денеска информираа дека се работи за лица кои пристигнале со лет од Германија и оти лицата се од различни градови.

Во „Молика” престојуваат 99 граѓани со што капацитетот на хотелот е исполнет.

– Сите активности течат според пропишаниот протокол, велат од АД ЕСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот