Улогата на странските сили во Сирија: Воено присуство на Турција, Русија, Иран и САД

Oбновениот конфликт во Сирија ја стави во фокус улогата на странските сили во таа земја. Турција, Иран, Русија и САД распоредуваат војници во Сирија од 2011 година, додека Израел често изведува воздушни напади на сириска територија.

Турција

Турција распореди војници во Северозападна Сирија, во областите контролирани од сириските бунтовници кои се побунија против претседателот Башар ал-Асад во 2011 година. Анкара, која го поддржа бунтот, а поддржува и некои од тие бунтовнички групи.

Една од главните цели на Турција е да ги ослабне вооружените групи на сириските Курди кои создадоа автономни енклави долж турската граница за време на граѓанската војна. Турција ги смета групите за продолжување на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја означува како терористичка организација.

EPA-EFE/STR

Турција досега изврши четири воени операции во Сирија. Првата во 2016 година, беше насочена кон Исламската држава и фракцијата на сириските Курди ЈПГ. Потоа го прошири своето присуство во 2017 година според договорите со Русија и Иран, распоредувајќи војници во Идлиб. Следеа офанзиви во 2018 и 2019 година против територии контролирани од Сириските демократски сили (SDF).

Сирискиот режим ја смета Турција за окупаторска сила.

Русија

Русија во 2015 година интервенираше на страната на Асад и на тој начин одигра одлучувачка улога во пресврт на бранот на конфликтот во корист на Асад. Покрај воздухопловната база во Латакија, Русија одржува и поморска база во Тартус, со што го проширува своето присуство во регионот.

Руските сили се присутни и во областите под контрола на владата, честопати учествувајќи во напорите за деескалација на конфликтот. Москва останува клучен сојузник на Асад.

САД и Русија војска во Сирија/ Фото Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Иран и сојузниците

Од 2012 година, Иран е присутен во Сирија преку Револуционерната гарда и либанскиот Хезболах. Техеран го смета Асад за клучен сојузник во „оската на отпорот“ против Израел и американското влијание во регионот.

Заедно со Иран и Хезболах, шиитските групи од Авганистан и Ирак поддржани од Техеран одиграа клучна улога во борбите. Поради ова, Израел често изведува воздушни напади врз иранските позиции во Сирија.

Сирија бунтовници фото EPA-EFE/MOHAMMED AL RIFAI

Хезболах ги повлече борците од Сирија назад во Либан, бидејќи неговата војна со Израел се интензивираше од средината на октомври, пишува Ројтерс. Иако минатата недела беше постигнат прекин на огнот, Хезболах во моментов нема намера да испраќа борци во Северна Сирија за поддршка на сириската армија.

САД

Во 2014 година, САД започнаа воздушни напади против Исламската држава, а мал број специјални сили соработуваа со СДФ за да ја потиснат милитантната група.

Иако Трамп најави повлекување на војниците во 2018 година, САД сè уште имаат околу 900 војници во Сирија, повеќето од нив на североисток, каде што ги поддржуваат СДФ и оперираат од базата Танф во близина на границата со Јордан и Ирак. Владата на Асад ги смета американските војници за окупатори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот