Украле амбулантно возило, имале бурна ноќ, се возеле и лудувале по улиците на Кочани

Амбулантно возило / Фото: Профимедиа

Амбулантното возило кое ѝ било донирано на болницата во Кочани, ноќеска било украдено но по неколку часа по настанот возилото, без видливи оштетувања, било пронајдено во близина на јавната здравствена установа. Случката веднаш била пријавена во полиција но сторителите односно крадците, кои лудувале по кочанските улици се уште не се пронајдени.

Ова го објави кочанскиот портал Актуелности.мк, каде во напишаната вест стои дека кражбата на возилото од болничкиот круг ја пријавил вработен во болницата околу 3.30 часот по полноќ.

Венаш по пријавата полицијата тргнала во потера врз основа на добиени информации и утрово го пронашла возилото оставено на улицата „Кирил и Методиј” во Кочани.

Порталот дознава дека крадците имале бурна ноќ по улиците во градот, возеле брзо и нагло кочеле, оставајќи долги траги на асфалтот, а возеле и во спротивен правец по еднонасочни улици. Веројатно кога крадците забележале дека полицијата им е на трага, дошле со возилото до улицата „Кирил и Методиј“, над болницата, тука го оставиле и побегнале во непознат правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот