Украинската вицепремиерка ги повика Русите да не посвојуваат деца украдени од Украина

фото МИА

Украинската вицепремиерка ги предупреди руските граѓани „да не посвојуваат деца украдени од Украина и транспортирани во Русија“.

Пишувајќи на руски на „Телеграм“, Ирина Верешчук рече дека „јавното фалење со незаконски активности е особено одвратно“.

„Земењето деца без родители од Украина и нивно давање на посвојување на руски граѓани е незаконско и гнасно“, напиша Верешчук.

Повеќе од 16.000 случаи на депортација на деца истражува главниот украински обвинител Андриј Костин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот