Украинската СБУ упаднала во Киево-печерската лавра, митрополитот Павел ставен до домашен притвор

Игуменот на манастирот на Киевско-печерска лавра, во главниот град на Украина, митрополитот Павел, е ставен во домашен притвор.

– Ме пратија во домашен притвор, вели тој во видеото што го објави медиумот Вести, пренесе Хина.

Информацијата се уште не е официјално потврдена.

Украинската Служба за безбедност (СБУ) претходно соопшти дека митрополитот Павел е осомничен за поттикнување раздор и работа за Русија. Припадници на СБУ ја пребаруваат неговата резиденција, пишува руската агенција Тасс.

Извор од полицијата за украинскиот медиум Лига.нет потврдил дека митрополитот е осомничен за „поттикнување меѓуверска омраза и оправдување на вооружената агресија на Русија“.

Денешните настани уследија по одлуката на митрополитот Павел и другите членови на Украинската православна црква на Московската патријаршија, поддржана од Русија, да останат во стариот манастир во Киев и покрај повиците на украинската влада да си заминат.

Неколку дена откако украинското Министерство за култура издаде соопштение во кое ги повика свештениците на Киевско-печерската лавра да го напуштат манастирот до  29 март, Московската патријаршија соопшти дека нема намера да го напушти објектот, пишува „Киев Индипендент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот