Украинците го уапсија „рускиот шпион“ кој го обвинија за нападот над Краматорск
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наводниот руски агент вмешан во смртоносниот напад во Краматорск ќе биде обвинет за предавство.
Препорачано
„Оние кои и помагаат на Русија да уништи животи заслужуваат „максимална казна“, рече тој.
Дванаесет лица, меѓу кои и тројца тинејџери, беа убиени во ракетниот напад во вторникот врз популарен ресторан. Украина соопшти дека мажот, жител на Краматорск, испратил видео снимка од ресторанот до руската војска неколку часа пред да биде уништен, пишува „Би-Би-Си“.
Најмалку 60 беа повредени, меѓу кои колумбиски државјани и познат украински писател.
Во средата, украинските безбедносни служби објавија фотографија од локален човек што го уапсија, опишувајќи го како руски агент.
Зборувајќи во своето ноќно обраќање, Зеленски објасни дека безбедносните служби на земјата работеле заедно со полициските специјални сили за да го приведат осомничениот – кој може да се соочи со доживотен затвор.
Службите за итни случаи во средата соопштија дека напорите за пребарување и спасување сè уште се во тек.
Краматорск, источен град во регионот на Доњецк, е под украинска контрола, но е блиску до делови од земјата окупирани од Русија.
Во април минатата година, повеќе од 50 луѓе беа убиени, а многу други беа ранети во ракетен напад на железничка станица во градот.


