Украинци работат во нелегални фабрики за цигари во Шпанија

Полиција во Шпанија/ Фото EPA-EFE/VICTOR LERENA

Полицијата во Шпанија со помош на Европол разби банда која водела три нелегални фабрики за цигари, во кои украински бегалци работеле во лоши услови, објави денеска Би-би-си, пренесува Политика рс.

Според извештаите, откриени се фабрики во три региони на Шпанија, а 27 лица се уапсени. Групата наводно шверцувала големи количини тутун, а фабриките можеле да произведуваат повеќе од половина милион кутии цигари дневно, кои се продавале низ Шпанија и во странство.

Полицијата соопшти дека Украинците, кои побегнале од руската инвазија, живееле во монтажни засолништа во фабриките, а работеле долги часови и не излегувале надвор за да не бидат откриени, бидејќи некои илегално влегле во Шпанија.

Во меѓувреме, челниците на организацијата уживаа во луксузниот живот. За време на рацијата, властите заплениле тутунски производи во вредност од 37,5 милиони евра, луксузни возила, накит и големи количини готовина. Според Обединетите нации, има речиси осум милиони регистрирани украински бегалци низ Европа кои побегнале од руската инвазија, а повеќе од 160.000 се регистрирани во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот