/Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

Украина ја зајакнува евакуацијата на цивили од Харков, Запорожје и Миколаев

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави дека ќе има задолжителна евакуација на цивили од делови на Харков, Запорожје и Миколаев.

Вицепремиерката на националната телевизија ги најави плановите за проширување на задолжителната евакуација за цивилите кои живеат на првите линии на војната.

– Приоритет ќе биде евакуацијата на жените со деца и старите лица. Не зборувам за цели региони, но некои делови ќе бараат задолжителна евакуација и се подготвуваме за тоа. Жителите не треба да се спротивставуваат на евакуацијата бидејќи се соочуваат со закана од руска окупација. Ако останат таму ќе настрадаат … Посебно децата. Јас многу добро знам што може да направи непријателот за да ги натера луѓето да соработуваат. Затоа ги повикувам луѓето да се евакуираат и да не се надеваат на милоста на непријателот и дека непријателот ќе го следи меѓународното хуманитарно право, изјави вицепремиерката на Украина.

Украинската влада во јули започна задолжителна кампања за евакуација на луѓето во источниот регион Доњецк, која почна да ја спроведува овој месец. Окрузите и градовите на индустрискиот исток контролирани од Украина се под постојано гранатирање од руски и проруски сили

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот