Украина го крена своето знаме на Змискиот остров

Фото STR / AFP / Profimedia

Украинските сили го кренаа своето знаме на повторно заземениот остров во Црното Море во симбол на отпорот против Москва, иако руските сили ги консолидираа придобивките во источна Украина и ја испитаа одбраната на потенцијалните нови цели.

Москва брзо одговори на украинската церемонија каде беше подигнувато знамето. Од Москва велат дека еден од нејзините воени авиони го погодил Змискиот остров и уништил дел од украинскиот одред таму, пишува Ројтерс.

Малиот остров, кој се наоѓа на околу 140 километри јужно од украинското пристаниште Одеса, е стратешки важен бидејќи ги чува морските патишта. Русија го напушти на крајот на јуни во, како што рече, гест на добра волја – победа за Украина за која Киев се надеваше дека може да ја олабави блокадата на Москва на украинските пристаништа.

Сликите објавени од Министерството за внатрешни работи на Украина покажаа тројца украински војници како го креваат сино-жолтото национално знаме на површина на Змискиот остров покрај остатоците од срамнета зграда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот