Украина ги доби првите ракетни фрлачи со долг дострел од Британија

Украински војници/ Војна Украина/ Фото EPA-EFE/ALISA YAKUBOVYCH

Украина денеска ја доби од Велика Британија првата испорака на модерни ракетни системи со долг дострел М270, напиша на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

„Првите M270 пристигнаа! Тие ќе бидат добро друштво на ХИМАРС на бојното поле”, напиша министерот и додаде: „Нема да има милост за непријателот”.

Во интервју за Би-Би-Си Украина објавено денеска, Резников посочи дека Украина веќе добила три M270, а ќе добие уште.

Во јуни, британскиот министер за одбрана Бен Валас објави дека Лондон ќе испрати во Украина американски ракетни системи М270, способни да погодат цели во радиус од 80 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот