Укинат притворот на Јанакиески за „Титаник“ - Слободен печат
ВестиХроника

Укинат притворот на Јанакиески за „Титаник“

Јанакиески останува затворен дома за настаните од 27 април каде е осомничен.

Кривичниот суд пред десетина дена му го укинал куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности.

Одбраната на Јанакиески вели дека укинувањето е резултат на тоа што не може паралелно да бидат активни две мерки куќен притвор. Јанакиески останува затворен дома за настаните од 27 април каде е осомничен. Денеска самиот пред Судот објаснуваше кои мерки за кои предмети му се активни.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close