УЈП во затвор му врачиле налог за финансиска контрола на Боки 13

Фото: илустрација /Арбнора Мемети

Инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево беа во притворското одделение на Затворот „Скопје” во Шуто Оризари, за да го известат првоосомничениот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски дека ќе вршат финансиска контрола во неговата невладина организација „Меѓународен сојуз” и да му врачат налог за тоа, јавува МИА.

Налогот за финансиска контрола мора лично да го добие Јовановски кој е овластено лице на невладината организација, а претходно за да влезат во затворот од УЈП побарале и добиле доазвола од Кривичниот суд Скопје. Инспекторите го известиле Јовановски дека од понеделник ќе ја преземат документацијата од Меѓународниот сојуз за да започне контролата.

Контролата на сите физички и правни лица поврзани со „Рекет” во средата на прес-конференција ја најави директорката на УЈП Сања Лукаревска. Сите фирми веќе добиле исти налози и од понеделник ќе почне преземањето на документите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот