УХМР со прогноза за наредните неколку денови: Потопло време до недела, од понеделник заладување

Фото: МИА

Потопло време со сончеви периоди не очекува до понеделник по што, поради продор на студена воздушна маса, ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег.

Според прогнозата на УХМР, времето утре ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Утринските температури ќе бидат над нулата освен во Берово (минус два). Максималната дневна ќе се движи од пет до 13 степени. Во Скопје утринската ќе биде нула, а дневната ќе се искачи до девет степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди, за време на викендот со умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер.

Денес и утре слаби врнежи од дожд ќе има во западните делови. За време на викендот, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот повторно ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места, а од вторник снег се очекува и на некои пониски места.

За време на викендот, утринските темепратури ќе бидат над нулата, а дневните од седум до 12, односно до 14 степени. Во вторник и среда, минималните температури од минус три до два, односно од минус седум до минус два, а дневните максимални од два до девет, односно од минус еден до пет степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот