УХМР најавува променливо време за продолжениот викенд

Фото: Слободен печат

Променливо време, повремено со пороен дожд и грмежи, и температури до 30 степени, најавуваат синоптичарите за време на претстојниот продолжен карантински празничен викенд.

Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на влажен бран кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а во сабота ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информраат од УХМР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот