Угина највисокото куче на светот, неколку месеци откако влезе во Гинисовата книга на рекорди
Највисокото куче на светот, германската дога Кевин, угина во американската држава Ајова откако ненадејно се разболе, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Гинисовата книга на рекорди објави дека кучето, кое имало три години, угинало по итна операција.
Кучето, со висина од 0,97 метри од предните шепи до рамо, официјално беше запишано во нивната евиденција во март годинава.
The three-year-old Great Dane, who lived in West Des Moines, Iowa, USA, with his loving family, passed away this week following an unplanned surgery after falling ill. pic.twitter.com/805JUMWwmU
— Guinness World Records (@GWR) June 25, 2024
Сопствениците на Кевин, Трејси и Роџер Волф се простија од својот миленик.
„Тој беше најдоброто џиновско момче“, се вели во соопштението на семејството објавено од Гинисовата книга на рекорди.
„Драго ни е што успеа да го собори рекордот и да го привлече вниманието кон себе. Го сакаше вниманието. Посакуваме овие џиновски раси да живеат подолго”, велат од семејството.
Кучето, со вкупна висина од 111 сантиметри, стана највисокиот мажјак на светот по смртта на американската дога по име Зевс.


