УФЦ: Амедовски издржа „само“ 17 секунди против Филипс (ВИДЕО)

twitter.com/BBCSportWales

На пресметката во Данска Џон Филипс во својот четврти обид дојде до првата УФЦ победа.

После само 17 секунди во октагонот го нокаутираше, односно на подгот го испрати Ален Амедовски.

И двајцата уште во првата рунда почнаа да разменуваат удари, иако Македонецот се покажа со побрзи раце, на крајот Филипс беше човекот кој во прав момент дојде до победата.

После борбата Амедовски се огласи дека не жали поради поразот, и поразите се дел од октагонот.

Останува среќен, позитивен, вистински воин и на своите фанови им најави дека наскоро ќе се врати…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот