УЕФА нема да доделува свои награди, се вклучува во организацијата за „Златната топка“

Фото:EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Од наредната година УЕФА ќе се вклучи во организацијата и доделувањето на „Златната топка“ кој досега ја доделуваше само „Франс Фудбал“ во своја организација.

УЕФА повеќе нема доделува свои награди туку ќе се вклучи како ко-организатор. Договорот за соработка е потпишан на седум години. Во минатото ФИФА учествуваше во доделувањето на оваа престижна награда со долга традиција, а сега истата ќсе доделува во соработка со европската куќа на фудбалот.

Досега церемонијата се одржуваше само во Париз, но сега ќе бидат вклучени и други големи европски градови. Исто така ќе се воведат и награди за најдобар тренер во машка и женска конкуренција.

„Ова е соединување на двата најдобри бренда во фудбалот. Од една страна „Златната топка“, а од друга страна УЕФА која го има најдоброто натпреварување во светот. Поради тоа имаше и смисла да работиме заедно. Сите фудбалери сонуваат да ја освојат Лигата на шампионите и „Златната топка““, изјави првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Последната „Златна топка“ во понеделникот заврши во рацете на Лионел Меси, а оваа награда се доделува уште од 1956 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот