Фото: Општина Ѓорче Петров

Училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ добива нови спортски терени

Општина Ѓорче Петров започна со реконструкција на фудбалското игралиште во основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“, на кое ќе биде поставена нова тартан подлога што ќе овозможи подобри услови за спорт и рекреација на учениците.

Во дворот на ова училиште изградивме и целосно ново школско фудбалско игралиште со нова подлога од вештачка трева, по сите современи стандарди за училишен и рекреативен спорт. Истото, партерно го уредивме со што го заокруживме процесот на негова изградба. Продолжуваме со интензивна реконструкција на игралиштата и веќе во наредниот период ќе започнеме со обновување на игралиштата во ООУ „Мирче Ацев“ и ООУ „Страшо Пинџур“ – информира градоначалникот Александар Стојкоски.

Градоначалникот посочи дека за кусо време се обновени неколку игралишта, со цел да се подобрат условите за сите ученици и да се обезбеди простор за спорт, активен живот и здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот