Учениците се враќаат во училиштата, одложување на учебната година нема да има

Училиште / Фото Архива на Слободен печат

Од работа и од настава ќе бидат ослободени наставниците и учениците со хронични болести.

Преполовени паралелки, скратени часови, наставници кои ќе ја предаваат истата лекција скратено, по 20 минути на 2 групи од исто одделение. Ова се само дел од препораките и протоколите на Министерството за образование и наука (МОН) за новата учебна година, објави Телма.

Како што е наведено, одложување на почетокот на учебната година нема да има, па се очекува учениците со маски на лицето и на дистанца да се најдат во училишните клупи на први септември.

– Протоколите за отворање на училиштата се готови, останува да се доконкретизираат некои работи. МОН побара од СОНК да се вклучи со свои препораки и мислења, па очекуваме да добиеме став од нив до четврток, а за од понеделник протоколите да можат да бидат усвоени на седница на Владата – изјавила за Телма, Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование.

Од работа и од настава ќе бидат ослободени наставниците и учениците со хронични болести.

Во исчекување на протоколите, МОН објави прирачник за чистење на училиштата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот