Убиството на британскиот пратеник прогласено за терористички инцидент

Цвеќе на местото каде што сер Дејвид Ејмс беше убиен
Цвеќе на местото каде што сер Дејвид Ејмс беше убиен / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Убиството со нож на конзервативниот пратеник сер Дејвид Ејмс во Леј-он-Си, Есекс е прогласено за терористички инцидент, потврди Метрополитен полицијата.

Како што пренесе ДПА, истрагата ја предводи антитерористичка полиција.

Ејмс (69), кој го претставуваше западен Саутенд во Есекс беше нападнат во Методистичка црква. Тој беше хоспитализиран и опериран, но им подлегна на повредите.

По нападот полицијата уапси еден маж и соопшти дека нема да трага по други лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот