Фото: МВР

Убиство во Тетово – татко го застрелал синот со ловечка пушка

Семејна трагедија вечерва ги потресе жителите на Тетово – татко со ловечка пушка си го убил синот, објави ТВ21.

На местото на злосторството, во населбата Блок 70, вечерва пристигнала полицијата, која го пронашла оружјето со кое е извршен насилниот чин.

Според првичните информации кои ги објави телевизијата, таткото два дена не излегувал од станот и полицијата се сомнева дека убиството е извршено пред два дена. Осомничениот е однесен во болница поради неговата психичка состојба.

Околу случајот подоцна вечерта се огласи полицијата. Според СВР Тетово, околу 18:50 часот во својот дом во Тетово бил пронајден 39-годишниот С.Н., со прострелна рана во главата и без знаци на живот. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во тетовската Клиничка болница. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка, информираат од СВР Тетово. Од тетовската полиција додаваат дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот