Убиство во околината на Скопје, неофицијално убиен таткото на Гани Туша

Свирепо убиство попладнево се случи на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Со прострелни рани од автоматско оружје пронајдено тело на 56 годишник.

Како што дознаваме станува збор за татко на Гани Туша човекот кој е осомничен за убиство на криминалецот Оки и кој во моментов е на издржување на казна затвор.

Убиството за Слободен печат го потврдува и МВР. Од таму велат дека во 18.10 ч. во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со  прострелни рани од огнено оружје.

Додаваат дека во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот