Убиецот од Прага претходно убил маж и двомесечно бебе

Убиецот од Прага / Фото колаж на СП / Профимедиа

Чешката полиција денеска соопшти дека пронашла писмо од студентот кој на 21 декември уби 14 лица во пукањето на Универзитетот Карло во Прага, во кое тој признал дека претходно убил 32-годишен маж и двомесечно бебе во шумата Клановице.

„При претресот на неговата куќа, пронајдено е проштално писмо. Тој го напишал пред да го изврши пукањето. Во него признал дека го извршил убиството во шумата Клановице, рекол портпаролот на полицијата Јан Данек“, пренесуваат чешките медиуми.

Деталите за тоа злосторство не се соопштени, а балистичките тестови утврдиле дека оружјето користено во шумата Клановице е истото кое било пронајдено во куќата на убиецот.

Убиството на маж и неговото двомесечно дете се случило на 15 декември кога се шетале во шума во близина на Прага.

Во масовно пукање на Универзитетот Карло во Прага, 24-годишниот студент Дејвид Козак уби 14 лица и рани уште 25 пред да се самоубие.

Кој е убиецот од Прага?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот