УБ | Паркови и зеленило: Надоместуваме штета од паднати дрвја, но само ако биле маркирани за сечење

Паднато дрво, илустрација / Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Сезоната на дождови проследени со невреме е пред нас. Старите дрвја на територијата на Град Скопје се најранливи па често можеме да прочитаме дека дрво или исушени гранки паднале врз нечиј автомобил при што причинета е материјална штета.

За тоа што треба да се направи во ваков случај разговаравме со Елизабета Ѓеоргиевска, раководител на Одделот за односи со јавност при ЈП Паркови и зеленило.

-Најчесто штом има вакви временски услови со дожд и ветер, нашите екипи работат интензивно на терен. Од петокот наваму постојано расчистуваме и имавме околу 15 интервенции во Центар, Карпош, Аеродром. Стануваше збор за паднати гранки и дрвја, некаде и врз возила. Екипите работеа да се ослободат колозовите, а продолжуваме и денес. Ова е многу честа наша активност, вели Ѓеоргиевска за Утрински брифинг.

Таа информира дека-најголемиот дел од пријавите што секојдневно ги добиваат Паркови и зеленило на нивната интернет страница и по телефон се за сечење и кастрење дрвја, но вели дека граѓаните треба да ја знаат процедурата.

-Во такви ситуации раѓаните ни се обраќаат нам. Но, ние не смееме да постапуваме без решение на Центарот за комунални работи на град Скопје. Ние се грижиме за садниците во јавното градско зеленило, на јавниот простор. Ако дрвото не било обележано за сечење, значи било здраво. Таа ситуација се третира како несреќен случај. Кога Комисијата излегува на терен тогаш тие издаваат решенија и ги обележуваат дрвјата со знак С ако се за сечење и знак А за кастрење, вели Ѓеоргиевска за Утрински брифинг..

Ако се пресече некое дрво Ѓеоргиевска за Утрински брифинг вели дека се сади секоја сезона, а сега во тек е есенското садење. Таа вели дека се сади дупло од она што се сече.

Ѓеоргиевска ги посоветува граѓаните ако падне дрво и предизвика штета кај нивниот автомобил или имот, да повикаат полиција да направи записник и фотографии, па потоа да се обратат во јавното претпријатие Паркови и зеленило кај нивниот осигурителен агент па штетата ќе биде надоместена. Но, штета се надоместува само ако дрвото било маркирано, а не и ако било здраво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот