Уапсен заводникот од популарните турски серии поради дрога: Џан Јаман бил начекан во хотел во Истанбул
Популарниот турски актер, Џан Јаман се најде во центарот на скандал откако беше приведен во Истанбул како дел од истрагата за употреба на дрога од страна на познати личности од уметничката и општествената сфера. Операцијата, предводена од Генералното обвинителство на Истанбул, вклучуваше истовремени претреси на неколку ноќни клубови и локации популарни кај ВИП личностите, пренесуваат турските медиуми.
Препорачано
Според турските медиуми, Јаман, кој ја играше последната улога како Сандокан во истоимената серија, ја поминал ноќта во полициски притвор и бил префрлен во Институтот за судска медицина за дополнителни тестови. Полицијата, по наредба на обвинителот, извршил рација во девет ноќни клубови во Истанбул по полноќ.
Актерот бил пронајден во една од собите што ги претресла полицијата за време на интервенцијата. Освен него, биле приведени и Селен Ѓорѓузел, Ајше Саглам и Черен Алпер.
Јаман бил ослободен по давањето изјава. Наводно, тој имал обврски во Италија во следните денови, земјата каде што ја развива својата кариера откако се пресели во Рим во 2021 година.
Да потсетиме, актерот е познат по своите улоги во хит сериите „Романтичарот“, „Полна месечина“, „Девојка од соништата“… Тој беше во медиумите и поради неговата љубовна врска со фаталната италијанска водителка Дилета Леота. Јаман е роден на 8 ноември 1989 година во Истанбул, а неговите корени водат кон Балканот – неговиот дедо е од Косово, а неговата баба е од Македонија.
ФОТО | Четири турски заводници кои имаат балканско потекло, едниот актер влече корени од Македонија


