Уапсен тинејџер осомничен за украинскиот напад врз руската рафинерија Рјазањ
Руските власти уапсија 17-годишник осомничен дека собирал информации за да и помогне на Украина да ја гаѓа руската нафтена рафинерија Рјазањ со беспилотни летала, објави денеска руската државна новинска агенција РИА.
Препорачано
РИА објави дека полицијата во регионот на Башкортостан го уапсила тинејџерот, против кој се води истрага според законодавството за „тероризам и предавство“, кое предвидува затворски казни до 20 години.
РИА објави дека 17-годишникот, кого не го именува, е обвинет дека собирал информации и сликал графити за украинската разузнавачка служба во замена за пари од есента 2024 година. Тој додаде дека по сослушувањето го признал делото.
??? Fire at the Ryazan oil refinery!- largest primary oil refining unit of Ryazan Oil Refinery, ELOU-AT-6, is believed to have been attacked.
The unit’s capacity is 23,190 tons per day, which is 47.5% of the refinery’s total primary refining capacity. pic.twitter.com/w6W6Qym3mc— Cuntasorus Flex???? #muga NAFO (@warrior_na92602) February 24, 2025
Според руската новинска агенција, тинејџерот рекол дека отишол во Рјазањ на почетокот на јануари за да собере информации за рафинеријата во име на Украинците.
Рафинеријата Рјазањ, лоцирана на околу 240 километри јужно од Москва, ја прекина работата откако беше нападната од украински беспилотни летала во понеделникот, изјавија три извори од индустријата за Ројтерс.
Покрај тоа, жител на Московската област е осуден на 16 години затвор затоа што на Украина и дал податоци за лоцирање на руски воен објект и подготвувал напади, соопшти денеска Рускиот истражен комитет.
Од февруари 2022 година и рускиот напад врз Украина, Русија почна да спроведува широка репресија на оние кои го критикуваат овој напад. Судењата за „предавство“, „тероризам“, „екстремизам“, „саботажа“ или „шпионажа“ се намножија.
Дотичниот човек беше обвинет дека го фотографирал местото на распоредување на системот за противвоздушна одбрана во Подолск, на околу 40 километри јужно од Москва, во април 2024 година, и дека ги испратил овие слики заедно со географски податоци „на неговите украински ментори за да насочат напад со беспилотно летало против овој воен објект“, се вели во соопштението на Истражниот комитет.
Тој е обвинет и дека донел оружје од Украина во Русија во 2017 година за да подготви напади во руските региони, главно во Брјанск, Курск и Белгород, на границата со Украина, според истиот извор.
Рускиот воен суд го прогласи за виновен за подготвување напад, шверц со оружје и помагање и поттикнување терористички активности и го осуди на 16 години затвор, појасни Истражниот комитет.


