Генерал-потполковник Владимир Алексеев/Фото: Скриншот

Уапсен осомничениот за нападот врз рускиот генерал Алексеев

Федералната служба за безбедност на Русија го приведе извршителот на обидот за атентат врз генерал-потполковник Владимир Алексеев, пренесуваат дел од руските медиуми.

Федералната служба за безбедност, заедно со Министерството за внатрешни работи, ги идентификуваше неговите соучесници. Директен извршител е рускиот државјанин Љубомир Корба (1960), кој беше приведен со помош на партнер од ОАЕ во Дубаи и екстрадиран во Русија. Негови соучесници беа руските државјани Виктор Васин (1959) и Зинаида Серебрицкаја (1971). Васин беше приведен во Москва, а Серебрицкаја замина во Украина, соопшти ФСБ, пренесе Известија.

Потрагата по организаторите на обидот за атентат продолжува.

Инаку, вооружен напаѓач го застрела Алексеев во станбена зграда во Москва во петокот. Тој беше хоспитализиран. Покрената е кривична постапка по обвинение за обид за убиство и нелегална трговија со огнено оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот