Уапсен екс фудбалер на Реал поради местење натпревари

EPA/KAI FOERSTERLING

Покрај поранешниот фудбалер на Реал, уапсен е и претседателот на Хуеска, Агустин Ласаоса и шефот на медицинскиот персонал Хуан Карлос Галинда Лануса, пренесува „АС“.

На оваа листа се наоѓаат уште поранешните фудбалери Борха Фернандез и Карлос Аранда, и сегашниот играч на Депортиво, Ињиго Лопез.

Сите се обвинети за местење натпревари во сезоната 2016/2017 и 2017/2018 во „Ла Лига“ и во Сегунда.

Не е познато за кои мечеви станува збор, но може да се додаде и дека обвинетите се товарат за перење пари, поткуп, корупција и здружување со криминална организација.

Ова е уште една лоша слика кога станува збор за „кралскиот“ клуб кој сезонава имаше очајни резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот