ФОТО: МИА

Уапсен е агресивен возач од виничко, на пат им се заканувал на маж и жена

33-годишен жител на виничко е уапсен откако на пат во околината на Виница им се заканувал на 45-годишен човек и неговата сопруга, соопшти МВР.

„На 18.03.2025 во 19:25 часот, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода П.Т.(33) од с.Јакимово, виничко, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17.30 часот на патот од с.Јакимово кон Виница агресивно се однесувал и се заканувал на В.Д.(45) и неговата сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот