У17: Надежите со пресврт славеа против Босна и Херцеговина

фото: ffm.mk

Кадетските репрезентативци на Македонија денеска во Скопје во пријателски натпревар со резултат 2:1 триумфираа над Босна и Херцеговина.

Противникот дојде прв во водство со погодокот реализиран во првото полувреме, преку Бркиќ во 16 минута од средбата.

Пресвртот на ФФМ Тренинг центарот се случи во вториот дел, израмни Назифи во 54 минута, а конечниот епилог го постави Јовановски (89`).

За Македонија (У17) настапија: Стефан Јованоски, Матеј Јаневски (89`, Горјан Цветков), Марко Стојилевски, Амир Бекири (89`, Азис Јамини), Кире Стојанов, Мартин Горгиевски (90`, Анез Мељиќи), Зани Назифи (89`, Никола Талески), Андреј Аризанкоски, Амир Нухија (45`, Шенол Демироски), Лорик Каба (85`, Филип Јовановски), Никола Величковски (89`, Хадис Таири).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот